Во Тетово првото бебе е женско

Во гинеколошкото одделение во Клиничката болница во Тетово Саиде Касами го роди првото женско бебе годинава.

Таа се породила во 8 часот, од екипа предводена од докторката Ѓузвете Таири. Бебето е прво дете на Садие, има тежина од три килограми и ќе се вика Мелек.

Мајката и бебето на попладнево ги посети тетовската градоначалничка Теута Арифи.

-Особено задоволство ми е да годината да ја започнеме во гинеколошкото одделение. Имаме чест на првото бебе Мелек да му посакаме среќен и долг живот заедно со родителите, рече Арифи.

Родилката Саиде Касами од општина Тетово ќе добие 40 илјади денари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *