Стефон марбори кој три години игра во екипата на Пекинг драгонс во Кина, реши да и стави крај на кошаркарската кариера. Марбори 13 години играше во НБА лигата во Минесота, Њу Џерси, Феникс, Њујорк и Бостон. Два пати беше во “Ол Стар” тимот на НБА, беше одличен поентер и добар асистент. По 22 години минати на кошаркарските терени, одлучи дека е веќе време за “пензионирање”.
-По 22 години минати на теренот чувствувам дека веќе сум изморен. И телото повеќе не ме слуша како порано, почна да ме изневерува. Се помирив со судбината и сигурен сум дека ова е моја последна сезона на кошаркарските терени-изјави Марбори.
Од 2010 година, Марбори игра во Кина, а има полни 41 година.