Здружението на пензионери и општина Македонска Каменица и годинава ја продолжија традиционалната посета на домовите на изнемоштените и болни пензионери. Во рамки на посетата на 90 лица пензионери кои се ограничени со можноста за движење и присуство на останати настани и манифестации им беа доделени солидарни пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена.
– Здружението на пензионери е една од најактивните организации во нашата општина и доста активно здружение на пензионери во целата држава. Тоа го покажуваат и денес со оваа акција со која покажуваат внимание кон нивните членови, кои заради здравствени и социоекономски причини се оневозможени да партиципираат во јавните настани, изјави градоначалничката Соња Стаменкова.
Стаменкова на сите пензионери од општина Македонска Каменица им посака многу здравје, пријатно расположение и убави моменти со најблиските за време на претстојните новогодишни празници.
![]()
Со ова, како што истакна Јаворка Соколовска, претседател на пензионерското здружение, на дело уште еднаш се покажува блиската соработка помеѓу пензионерите и локалната самоуправа.
– Во таа насока е и грижата на Здружението за своите членови и сограѓани. Ова се покажува и со денешната акција со која традиционално на изнемоштените членови им се доделуваат солидарни новогодишни пакети, истакна Соколовска.
Ваквите активности во пресрет на Новогодишните и божиќните празници како што додадоа од општината ќе се реализираат и во наредниот период.