Штипското Очно одделение доби нов ехо апарат

Ставен е во функција новиот ехо апарат на Очното одделение во Клиничка болница – Штип истакна на денешната прес-конференција директорот, Ален Ѓеорѓијев. Станува збор за апарат, кој ќе овозможи прецизна дијагностика, а чини околу 15.000 евра. Средствата се обезбедени од буџетот на болницата.

-Со ова ја продолжуваме политиката, што ја почнавме кога бев назначен за директор, дека сите оддели ќе добијат по најмалку по еден апарат и сите оние апарти, кои ќе им требат за непречена работа, вели Ѓеорѓијев.

Началникот на Очно одделение во Клиничка болница-Штип, Лидија Икономова вели дека како одделение овој апарат го барале пет години, кој дава прецизна дијагноза.

-Се состои од А и од Б скен и знаете дека во Штип секојдневно се прават операции на катаракта, со новата метода и со овој апарат, има способност да ја одредува диоптријата на  леќата, која се вградува во окото и тоа многу прецизно, бидејќи е еден од најсовремените апарати. Овој апарат се користи и за дијагностицирање на тумори во окото, при повреди, дали настанале крварење или не, дали дошло до одлепување на нервната обвивка на окото, дали има крварење на окото, кај дијабетичари, вели Икономова.

Лекарите на Очното одделение веќе трета недела работат на операции на катаракта или народски кажано „перде“. Секој ден на оваа одделение се прават по десет операции на пациенти, со што листата на чекање се намалува.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција рече дека од денеска во функција е ставен и компјутерскиот томограф, кој речиси еден месец не функционирал, а какошто вели се работело за исклучително скапа поправка. Заменета е цевката, којашто чини околу 140.000 евра, а се во интерес овој апарат да биде во функција на потенцијалните 200.000 пациенти од источниот регион.

Во тек е и оглас за вработување на десет лица во болницата, од кои тројца лекари, еден стоматолог,пет медицински сестри и еден дипломиран биолог.  Досега во нова апаратура се инвестирани над 200.000 евра од буџетот на болницата.

-Набавивме апарат за анестезија, хирушки лапарскопски столб, ехо, цинтрифуга, индустриски машини за перење и за сушење на алишта. Тука не застануваме имаме многу планови за идната година, во план е да набавиме нов лепач на крвни садови, модерен апарат за автотрансфузија кај пациентите, вели Ѓеорѓијев.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *