Повеќе од три години владеење на СДСМ и ДУИ, од сè што ветија го сторија спротивното.
Наместо да се намали криминалот и корупцијата, нивната бројка продолжува да расте, наместо да создадат подобар систем за безбедност на граѓаните, граѓаните сè уште немаат доверба во државните органи и наместо правичната и соодветната застапеност на граѓаните да се постигне, дискриминацијата воопшто не смени правец!
Од тие причини, Алијанса за Албанците јавно го прашува министерот Оливер Спасовски зошто сè уште немаме нов закон за внатрешни работи и полиција; со кое законско и уставно право се одвива систематизација и унапредување на полицискиот кадар; каде е албанскиот заменик министер да зборува за ниската застапеност на Албанците во Министерството за Внатрешни Работи. Го потсетуваме заменик министерот на ДУИ дека процентот на Албанците во хиерархијата на МВР е само 4%!
Одделот за внатрешни работи при Алијанса за Албанците оценува дека во едно вакво време, нелегално е систематизирање на МВР за време пред изборите. Исто така, бараме работите на МВР да почнат да се регулираат со закон, а не со владини решенија, затоа што ваквата практика го докажува влијанието на партијата врз многу важни државни органи, како што е Министерството за Внатрешни Работи.
Ова не е првпат вакви скандали да се случат во пресрет на изборите со цел да се користат меѓу институционалните позиции за да се влијае на изборите, ова ја нарушува демократијата и слободниот избор на граѓаните.