Во Гевгелија се поставени агрометеоролошките станици

На територијата на Општина Гевгелија денеска беа поставени три агрометеоролошки станици во рамки на проектот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој.

Една од станиците е поставена во селото Прдејци и е наменета за производителите на бостан, а две се поставени во селото Негорци од кои една за одгледувачите на лозја, а другата за одгледувачите на житни култури.

Веднаш по поставувањето на станиците, во Гевгелија се одржа информативен ден за користење на нови методи за управување во земјоделството и подигање на свеста на земјоделските производители за прекумерното третирање на почвата.

Земјоделците од гевгелиско поставените агрометеоролошки станици ќе ги користат за прибирање информации за температура и влажност на воздух,температура на почва,количество на врнежи, сончева радијација, брзина и правец на ветар како и прогноза на болести кои се најзастапени во регионот врз основа на што ќе можат да имплементираат соодветни мерки за управување со посевите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *