Штипскиот градоначалник им подели новогодишни пакетчиња на децата со посебни потреби

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска ги посети учениците со посебни потреби во Општинското основно училиште „Ванчо Прќе“ и во Државното средно училиште за специјално образование и воспитание „Искра“.

На оваа средба на децата со посебни потреби им беа доделени новогодишни пакетчиња, при што Бочварски забележа дека ова е мал гест со кој, како локална власт сакаат да им ги разубават новогодишните празници.

– Овие дечиња се многу важни во нашето општество и сакаме да придонесеме со нашите секојдневни активности  да направиме се за поголема инклузија во општеството и за нив и за сите дечиња, вели Бочварски.

Покрај во овие две училишта, пакетчиња беа поделени во Дневниот центар за деца со аутизам, Дневен центар за деца со ПП, Мал групен дом и во руралните училишта на дечињата од семејства под социјален ризик.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *