Изградена училишна спортска сала во Нов Дојран

Со извршен технички прием, денеска беше означен завршетокот на изградбата на спортската сала во основното училиште „Кочо Рацин“ во Нов Дојран.

Градоначалникот на Нов Дојран, Анго Ангов нагласи дека спортската сала конечно ќе овозможи услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование на учениците од дојранското основно училиште, кои до сега најважните часови за нормален физички развој на телото ги изведуваа под отворено небо.

– Покрај образовната корист, спортската сала ќе ја ставиме на располагање на хотелиерите за збогатување на своите туристички понуди, а ќе биде достапна и за сите жители на Општината кои ќе пројават интерес за спорт и рекреација, рече Ангов.

Спортската сала, за чија изградба се потрошени 24 милиони денари обезбедени од фондовите на ЕУ и од државниот буџет, е со површина од 650 квадратни метри и се наоѓа во дворот на ООУ „Кочо Рацин“ во Нов Дојран.

 

One thought on “Изградена училишна спортска сала во Нов Дојран

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *