НАЈАВА Владата ќе потпише договор за државна помош со чешки „Локо Транс“

Договор за државна помош помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Локо Транс, компанија од Република Чешка ќе биде потпишан денеска во Владата.

На свеченоста за потпишување на документот во Медија центарот на Владата, со почеток од 14:00 часот ќе присуствува заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, а Договорот ќе го потпишат министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и сопственикот и извршен директор на Локо Транс, Карел Јалови. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *