Кашавелски самостојно изложува во Кина

Македонскиот уметник Синиша Кашавелски деновиве презентираше десет дела во меѓународниот простор за современа уметност „Ченг Ксидон“. Ова е негова прва самостојна изложба во Кина, инспирирана од неговата претходна посета на таа држава.
Изложбата не само што е прва самостојна на македонскиот уметник, туку е и прва презентација на современ уметник од државата во Кина, во една од најпрестижните галерии во Пекинг, лоцирана во културниот центар „798 Art District“ создаден на почетокот на 90-тите  години од минатиот век.

Делата кои што беа презентирани во просторот за современа уметност се изработени по неговото патување во таа државата пред три години, кога Кашавелски учествуваше на проектот за уметници од Централна и Источна Европа во Гујанг во рамки на проект за собирање и размена на уметници.

Организаторите велат дека причината за изборот на Кашавелски е тоа што во неговите дела има задевање и скриена наративна природа. Изложбата ќе биде отворена до крај от на февруари годинава.

Паралелно, додека се случува изложбата во Пекинг, Кашавелски се претставува со едно дело на престижниот салон во Париз, „ Salon des Beaux Arts“, што се одржува под пирамидата во Лувр. Претходно, уметникот пред извесно време во Тирана беше награден со престижна награда „Исмаил Лулани“.