Министерот Филипче во посета на кумановската болница

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети кумановската општа болница и новоизградениот Ургентен центар. Тој информираше дека Министерството донирало апарати, ендоскопски столб и видео ларингоспокоп, опрема со која се подобрува квалитетот на пружање на здравствена нега за пациентите во болницата која покрива територија од 250.000 жители.

– Опремата се користи во најразвиените европски центри и еве сега е на располагање на докторите во Куманово, имајќи ја во предвид нивната голема експертиза и огромниот број на пациенти посебно од дигестивна хирургија кои се лечат во оваа болница, изјави министерот.

Со опремата, појаснија и министерот и директорката на болницата Снежана Захариева, се овозможува визуелизација и се намалува ризикот од компликации, значајно се олеснува интубацијата за време на интеревенциите. Ургентниот центар е целосно ставен во функција истакна министерот и рече дека е разговарано за набавка на новиот мамограф чија што постаппка за набавка е во тек во Министерството.

– За тековната работа за гасификација на болницата проектирањето целосно е завршено. Сега заедно со болницата и општината работиме на средување на некои технички детали, дозволи, по што практично може да почне изведбата на овој проект со кој болницата ќе се приклучи на гасификациската мрежа, рече министерот.

Посочи дека се очекува и нов апарат за компјутерска томографија кој во наредните четири до пет месеци ќе биде инсталиран и ќе биде наменет за пациентите кои ќе се примаат во Ургентниот центар. Мамографот во Куманово ќе се набави со постапка за набавка на мамографи за шест центри, појасни министерот и рече дека постапката била паузирана поради расчистување на технички детали.

Изрази уверување дека постапката ќе трае триесетина дена, по што ќе следи рокот за испорака и во наредните три до четири месеци Куманово ќе го добие мамографот.

Министерот промовираше и новина за која рече, интензивно работат, кумановската болница да стане Клиничка болница, бидејќи рече има врвни експертри од повеќе области, доаѓаат и експерти од Клиниките од Скопје и работат со кумановските лекари и на овој начин го надградуваат знаењето.

Директорката на болницата, Захариева истакна дека е задоволна од набавените апарати кои соодвествуваат на потребите на болницата. Појаснувајќи ги новите апарати, рече дека современи, со едниот можат да се вршат хируршки,гинеколошки, ортопедски операции, се скратува времето на чекање на операции, видео ларингоскопот овозможил подобра визуелизација, а со тоа и поквалитетно пружање на здравствена нега.

Одговарајќи на новинарски прашања, директорката истакна дека сега има интерес за специјализации, во минатото имало послаб интерес за анестезиологија, сега има еден специјализант, а веќе одобрените специјализации од министерството ќе бидат префрлени за наредната година.

– Веќе имаме заинтересирани колеги кога ќе им се реши работниот статус на неопределено време, конкурсот заврши во 2020 ќе ги упатиме и нив на специјализација-рече Захариева. Министерот , одговарајќи на новинарски прашања како ќе го реши проблемот со недостиг на кадри, потецираше дека веќе се преземени мерки, зголемувањето на платите е одлично прифатено од лекарите.

– Навистина е зголемен интересот, тоа го гледаме преку иницијативите кои ги преземаат младите лекари, студентите на последната година на Медицинскиот факултет и специјализантите, за тоа да имаме заеднички средби и да им укажеме за мерките преземени досега туку и за иднина. Имено, зголемувањето досега на лекарите специјалисти е близу 15 проценти, а следната година од февруари тие ќе имаат повисока основна плата од 40 проценти, заедно со дежурствата кои што во обичен работен ден се дуплираат, а за викенд и празник се триплираат, платите на лекарите специјалисти во однс на 2016-та 17-та во февруари 2020 година ќе бидат од 80 до 100 проценти поголеми, значи ќе достигнат 100.000 денари во клиниките и значајно ќе се приближат до 100.000-денари во сите останати општи и кличнички болници, изјави министерот.

Тој смета дека ова е одлична мерка која веќе дава резултати, а тој тренд ќе продолжи и во иднина и малите лекари својата иднина ќе ја гледаат во државата. Рече дека платен стаж кој сега е услов за специјализација на младите лекари согласно последната измена на Законот за здравствена заштита на примарно ниво, во службите за здраствна заштита, итна помош, вакциналните пунктови, и едукацијата која согласно стратешкиот договор со една голема институција од сферата на здравството од Германија, сакаат да ја потпишат и со кој договор странските експерти ќе можат да работат со домашните кои ќе го надградат своето знаење.

Одогварајќи на новинарско прашање што ќе се случи со учениците кои поради епидемијата на морбили не одеа на училиште, Филипче истакна дека и пред да започне, за време но и сега по епидемијата важат истите закони.

– Ќе инсистираме законите да се почитуваат, тоа значи ќе се запишуваат во школо децата кои што имаат редовно примани вакцини согласно календарот и затоа треба да ја приложат поврдата. Во меѓувреме за време на епдиемијата се смени и правилникот за упис во градинка, сега и тие деца мора задолжително да се вакцинирани за да бидат примени во градинка. Мора граѓаните да знаат тоа е единствениот начин за да се одржи колективниот имунитет задоволни сме од опфатот на вакцијација, после инсистирањето да се спроведуваат законите, законот против заразни болести, еден од членовите во законот за основно образование заради тоа што придонесе опфатот со вакцинација во Скопје да порасне од под 80 на 99, и над 95 проценти ширум државата, што значи дека има колективен имунитет, сериозно е намален ризикот, повторно да се јави епдиемија. Тоа е единствениот начин на кој што се обезбедува тој имуинитет да не се јавуваат вавкви болести, внимавајте има деца кои не смеат да се вакцинираат заради претходна здравствена состојба и тие немаат како поинаку да се заштитат освен со колективен имунитет, изјави министерот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *