Повеќе од 7.500 обуки на доктори реализирани во Медицинскиот симулациски центар

Повеќе од 7.500 обуки на доктори и други здравствени работници се реализирани во просториите на Медицинскиот симулациски центар во Скопје, како и во неговите подрачни единици во Велес, Штип, Струмица, Прилеп, Охрид, Тетово и Гостивар.

На обуките се спроведуваат посебни модули во зависност од тоа што работат учесниците. Има посебен модул за вработените во службите во Итната медицинска помош, обуки за специјализанти, педијатри, неонатолози…изјави денеска за МИА, директорот на Медицинскиот симулациски центар, Киро Салвани пред почетокот на одбележувањето на петгодишнината од постоењето на оваа установа.

Во просториите на Медицинскиот симулациски центар, посочи тој, имаме специјални фантоми (кукли за вежбање) во зависност од модулот и тоа за гинекологија, имаме модули бебиња, мали деца, возрасни, кои се многу софистицирани и на кои може да се симулираат низа сценарија.

– Околу 700 сценарија може да се симулираат кај тие фантоми во зависност од гранката на медицина од каде што доаѓаат тие што се обучуваат. Имаме обука на лица вон болничка Итна медицинска помош и за болничка медицинска помош. Се спроведуваат и протоколи за пореметувања, разни болести, на пример за инфаркт, аритмии, за мозочен удар… Протоколите се спроведуваат при обуките и во теоретскиот дел, а има и практичен дел кој се изведува на фантомот, потенцира Салвани.

Додаде дека има тестирања на почетокот на обуката и по нејзиното завршување, за да утврдат со какво знаење се стекнале тие што се обучувале.

Претседателот на Управниот одбор на Медицинскиот симулациски центар, Игор Кафтанџиев рече дека преку симулација, практично познавање и практикување на одредени вештини низ различните модули на едукација се придонесува за создавање обучени и квалитетни доктори и други медицински работници, што е основната идеја на постоењето на институцијата.

– Сите тие кои се вклучени во работата на Медицинскиот симулациски центар со силна поддршка од неговите основачи ќе придонесат институцијата да се развива и да го прошири своето делување со што ќе стане уштге попрепознатлива не само во земјата, туку и во регионот, додаде д-р Кафтанџиев.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *