Заев: Работни групи ќе ги разгледаат модалитетите за имплементирање на препораките на Венецијанската комисија

На основа на работни групи ќе се разгледаат сите модалитети како да се имплементира препораката на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Веќе им е дадено на стручните луѓе во Владата и во делот на правосудството, затоа што се работи за дво-третински закони кои што не можат да биде дерогирани со просто мнозинство. Многу е важно правдата да важи еднакво за сите и да не биде дерогиран било каков процес со било кое право што е овозможено, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата за проширување на булеварот „Никола Карев“.