НЕМА ПАРИ, НЕМА БИБЛ-ЛИГА

Поради лошата финансиска ситуација, раководството на КК Куманово одлучи да се повлече од понатамошните натпревари во Регионалната, БИБЛ -лига. Преку соопштение кумановци ја образложија својата одлука.

Општината Куманово ја намали финансиската поддршка на клубот, па раководството мора да направи приоритети во натпреварувањата. Според кумановци приоритет е настапот во Првата лига, и враќање во Суперлигата, но и комплетно посветување на младите категории.

Инаку од средствата кои ги добива клубот, исто така се настојува да се вратат долговите кон КФМ,да се помират обврските кон играчкиот кадар, кон субјектите кои се поврзани со сместувањето, патувањата на екипата и сл.

На крајот од соопштението, раководството потенцира дека е во постојана комуникација со потенцијалните спонзори и дека се работи сериозно на изготвување на четиригодишен план за функционирање и развој на клубот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *