Штипскиот градоначалник Бочварски на средба со пензионерите

Штипските пензионери денеска пред градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски и претставници од општинската администрација презентираа што им е потребно и кои проекти да се реализираат за наредната 2020 година.

Градоначалникот Бочварски изјави дека ова е прва ваква средба на којашто локалната власт ги прашува пензионерите за нивните барања и мислење како да се креира новиот буџет.

Прашан дали наскоро ќе се реши статусот на Домот за стари лица, кој го гради Здружението на пензионери, бидејќи објектот е прогласен за дивоградба поради претходно необезбедена градежна дозвола, а е пристигнат до карабина, Бочварски со став дека проблемот ќе го реши новиот Закон за легализација на дивоградби.

– Но, идниот Закон за бесправно изградени објекти што се очекува да биде усвоен наскоро ќе биде една од можностите за решавање на овој проблем. Јас токму поради тоа, бидејќи е многу значаен, а верувам дека ќе биде и витален објект за пензионерите, сум подготвен да го поддржам овој закон, рече Бочварски.

Претседателот на Здружението на пензионери Ристе Нетков истакна дека приоритет е доизградба на Домот за стари лица кај касарната „Јане Сандански“. Забележа дека тие како здружение веќе доставиле барање до општината со воведување на новиот закон, плаќањето на комуналиите да биде помало и да имаат помал трошок.

– Очекуваме на ваквите средби да се решаваат и нашите проблеми како пензионери на ниво на локална самоуправа, како во врска со нашите клубови, нашите пензинери, така и во точки кои имаат допир меѓу Здружението и локалната самоуправа, вели Нетков.

Здружението на пензионери има над 8.000 членови од општините Штип и Карбинци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *