Албанскиот Парламент треба да ја ратификува Спогодбата за заемно отворање културно-информативни центри со Северна Македонија

Албанската Влада го донесе Предлог – законот за ратификација на Спогодбата потпишана меѓу владите на двете земји, за формирање културно – информативни центри во Република Албанија и во Република Северна Македонија.

Предлог – законот е донесен по предлог на Министертвото за култура и ќе биде доставен до Парламентот за ратификација.

Македонскот Парламент го има ратификувано Договорот, со кој албански културно-информативен центар се отвора во Битола.

Златко Ориѓански кој е наименуван за директор на македонскиот центар кој што ќе делува во Тирана, кон крајот на септември, преку Фејсбук, реагираше на бавноста на албанскиот Парламент во ратфикацијата на Договорот.

Прашањето околу се уште нератификуваниот Договор, од албанска страна, за отворање македонски културно-информативен центар во Тирана, на пленарна седница во албанскиот Парламент на почетокот на октомври го изнесе Васил Стерјовски, пратеник од македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, како и координаторката на пратеничката група „Демократи“, Рудина Хајдари.

Стерјовски, меѓу дугото, рече дека „иако Македонија го ратификуваше овој договор уште во мај и назначи директор на Центарот, Албанија неоправдано го одложува ратификувањето“.

-Ова не е во духот на европската соработка и интеграција и договорот треба да биде ратификуван што е можно поскоро. Тоа ќе придонесе за културната соработка меѓу двете земји, Република Албанија и Република Македонија кои заедно се движат по европскиот пат, посочи Стерјовски.

И Хајдари оцени дека отворањето на овие културно-информативни центри ќе ја зголеми соработката меѓу двете земји, ќе ги продлабочи меѓусебните односи во областа на културата и ќе создаде услови, уметниците од двете држави да ја претстават својата култура во двете држави.

Претходно реагираше и македонско друштво „Илинден“-Тирана, кое во име на Македонците во Република Албанија го искажа незадоволството поради нератифкацијата на договорот и ја повика Владата што поскоро да го достави до Собранието на Албанија за негова ратифкација, а од претседателот на Парламентот Грамоз Ручи веднаш да го стави на дневен ред .При тоа оцени дека „отворањето на Македонскиот културен центар во Тирана и албанскиот во Битола е многу важен за блатералните односи и дополнително ќе ја унапреди соработката меѓу двете држави“.