Протести на работници од „Веибо Груп“ – патот Куманово-Крива Паланка блокиран три часа

Поради протестот на 200 работници од „Веибо Груп“ од Крива Паланка, магистралниот пат Куманово – Крива Паланка беше блокиран три часа.

Работниците искажувајќи револт го блокираа патот поради тоа што од денеска останаа на улица со три неисплатени плати и придонеси за здравствено осигурување, како и К-15.

На протестот на работниците пристигна и градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски кој рече дека прави напори што поскоро да се најде решение за ваквата состојба и побара од работниците да формираат Иницијативен одбор кој ќе ги застапува нивните интереси пред понатамошните најавени активности.

Мицевски за утре најави средба со бизнис инвеститор од Гевгелија кој пројавил интерес да инвестира во овој погон, посочувајќи дека „Веибо Груп“ според неговите сознанија не е фирма со сопственост на турски инвеститори, туку зад истата стојат две фирми на бизнисменот Орце Камчев.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *