Ристовски: Неопходен е ветинг во судството, СДСМ нема да дозволи амнестии, предлозите на Мицкоски се несериозни

Последните случувања во правосудството покажаа дека судството останува последното упориште на остатоците на режимот и „заробената држава“.
Неопходен е процес на ветинг врз судии и јавни обвинители.
Правосудството мора да се прочисти од нечесните судии и обвинители, за  чесните, одговорните и професионалните непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните.
Започнатиот процес на проверка на имот на членовите на владата е сосема во ред, Државната комисија за спречување на корупцијата треба да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите.
Истовремено, ги повикуваме и Судскиот совет и Советот на обвинители да ја оценат одговорноста на судиите и обвинителите за застарувањето на предметите и целосно да ја проверат  професионалното и ажурноста на работата на судиите.
Во овој момент, најважно е да се затвори нелегалната аболиција на Ѓорѓе Иванов и да се обезбеди одговорност пред законите на сите што ги прекршиле.
Затоа, сите пратеници треба да дадат поддршка на барањето за автентично толкување поднесено од СДСМ.
Ако некој сторил кривично дело, мора да понесе одговорност, тоа е прво и најважно.
Во оваа насока, предлозите на Христијан Мицкоски се несериозни и неодговорни, односно во функција на одбегнување на правдата.
Не е прашањето со што ќе се занимава некој што прекршил закон туку да одговара пред се.
Во превод што значи овој предлог, сите од ВМРО-ДПМНЕ што 11 години краделе да ги амнестираме, да не одговараат, па после нека не се занимаваат со политика? Тоа е несериозно и неодговорно. Одговорноста мора да биде на прво место.
Затоа велиме ајде да ја затвориме нелегалната амнестија на Иванов, да обезбедиме секој што се огрешил да одговара па да разговараме и за други предлози. Да разговараме и за проширување на забраната за политичко учество на помилувани лица и со лица кои се под истрага, под обвинение или за кои беа презентирани прислушувани материјали кои укажуваа на нивна вклученост во незаконски и неетички дејствија.
Предлогот за испитување на имот на функционери е задоцнет, тоа веќе се случува.
Наместо да му слугува на својот шеф од Будимпешта, Христијан Мицкоски да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето за автентично толкување.
СДСМ нема да дозволи амнестии, СДСМ се бори за правда.
Граѓаните, државата заслужуваат правда и ние таа ќе ја обезбедиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *