Тркалезна маса за идните чекори во процесот на пристапување во ЕУ

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска во Скопје организира тркалезна маса на тема „EU accession: no pass to an impasse?“ (Пристапување во ЕУ: нема излез од ќорсокак?“), на која ќе се разговара за идните чекори во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, како и за поврзување на дискусиите помеѓу ЕУ и регионот за овој процес, по недобивањето датумот за почеток на преговорите.

На тркалезната маса најавено е учество на заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски, на Малинка Ристевска Јорданова, членка на управниот одбор на ЕПИ, на Валеска Еш, програмска директорка во Институтот Аспен од Германија, Себастиен Грику, политички советник во фондацијата „Жан Журес“ од Франција, како и на Воутер Звеерс, истражувач во Клингендал институтот од Холандија.  

Настанот има цел да ги доближи дискусиите и перцепциите за процесот на пристапување од релевантни чинители од Франција, Холандија и Германија, наведуваат од Институтот за европска политика – Скопје. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *