Почна поставувањето агрометереолошки станици во Југоисточниот плански регион

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ почна со поставување на агрометеоролошки станици во регионот.

Првата Агрометеоролошка станица е поставена во Валандово, на земјоделска површина во сопственост на СОУ „Гоце Делчев“, на која има засеано винова лоза. Практичната настава ќе биде осовремена и за учениците на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, а професорите и учениците станицата ќе ја користат во практичната настава.

-Улогата на овие станици е да мерат временски прогнози, кои земјоделците ќе ги добиваат на своите телефони, преку користење на мобилна апликација, како и предупредувања за болести кои се јавуваат на одредена култура за што ќе биде инсталиран софтвер за прогноза на болести, информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Ќе се набават вкупно 23 агрометереолошки станици. Од нив општините Струмица, Гевгелија, Радовиш и Валандово треба да добијат по три, Василево, Босилово, Ново Село, Богданци и Конче по две, а општина Дојран да добие една станица.

Проект е финансиран преку Грантова шема за инвестициски проекти на планските региони за 2019 година од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *