ТОФИЛОСКИ НА ГОЛОТ НА ПОБЕДА

Дарко Тофилоски се врати во својот матичен клуб, Победа и е едно од најголемите засилувања за прилепчани кои полека почнаа да го засилуваат тимот. Целта на Победа е да го задржат прволигашкиот статус оваа сезона, а од следната да почнат да градат екипа која ќе се врати на позициите кои ги имаше во македонската прва лига, при врвот или на него.

Тофилоски е искусен голман, кој некогаш важеше за најперспективен во нашата држава. Искуството кое го собра играјѓи во Шафхаузен, Кошице, Ружомберок, Дунајска среда и Алашкерт е огромно и ќе биде од исклучително значење за прилепчани.

Триесет и двегодишниот Тофилоски своето прво застанување на голот на Победа ќе го има на натпреварот со Јавор кој прилепчани ќе го играат во рамките на подготовките за пролетната полусезона.