Георгиески: Развоен буџет на Општина Охрид за 2020 година

Нацрт-буџетот на Општина Охрид за 2020 година е развоен, а тоа се потврдува со фактот што во вкупниот буџет голем процент отпаѓа на предвидени капитални расходи. Тоа е образложението на градоначалникот Константин Георгиески по однос нацрт-буџетот на Општина Охрид за 2020 година што ќе биде доставен на усвојување пред Општинскиот совет.

Во појаснувањето доставено до медиумите Георгиески истакнува дека вкупните приходи во нацрт-буџетот се проектирани на износ од 1.184,138,350 денари, додека приходите само на основниот буџет се проектирани на 661.761.845 денари.

–  Во буџетот за 2020 година предвидуваме повеќе средства во носечката програма, а тоа е Уредување на градежно земјиште каде што ги зголемуваме средствата за Изградба и реконструкција на улици и патишта, како и за изградба на други објекти. Предвидуваме повеќе средства за експропријација кои што во дел ќе се искористат за експропријација на парцелата каде што е предвидено изградба на катна гаража по моделот на јавно приватно партнерство, изјави Георгиески.

Во делот на изградба и реконструкција на улици и изградба на други објекти предвиденио се реконструкција на улица „1-ва Македонска ударна бригада“, реконструкција на улица „Охридска бригада“, реконструкција на улица „Марко Цепенков“, реконструкција на улици во населба Христо Узунов, изградба на тротоари и велосипедски патеки на ул. „15 –ти корпус“, изградба на атмосферска канализација на ул. „7-ми ноември “. Изградба на нови паркинг места во општина Охрид , партерно уредување на плоштад „Крушевска Република“, уредување на речно корито на река „Грашница“ на потег од Булевар „Туристичка“ до ул. „Железничка“ – прва фаза, изградба и реконструкција на детски игралишта во Општина Охрид.

– Успеавме преку средства одобрени од Владата реку ЕБОР да го финансираме горниот слој од улица „Абас Емин“ којашто беше наша обврска, обврска на општина Охрид , додека изведбата на нова водоводна, канализациона и атмосферска линија ќе се финансира преку Свеска Банка, а носител ќе биде Министерството за транспорт и врски. Тендерирањето ќе започне во месец декември. Во делот на јавно осветлување предвидуваме 8,5 милиони денари за проширување на постојното јавно осветлување со изградба на нови мрежи и сијалични места. Кога јас дојдов на оваа функција беа предвидени многу мал број на сијалични места и истите беа потрошени, а секојдневно пристигнуваат барања за поставување нови. Го продолжуваме трендот на вложување во образованието, за наредната година планираме 16 милиони денари за капитални инвестиции во основните и средните училишта, за замена на азбестни покриви и за промена на подови и столарија, појаснува градоначалникот Георгиески.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *