Околу 40 лекари во штипската Клиничка болница во моментот се на специјализација или на сибспецијализација. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека како регионален центар добро стојат со лекарскиот кадар, но во моментов недостиг од лекари специјалисти има на Ортопедија и Анестезиологија.
– На одделението за Ортопедија во моментов имаме четворица доктори, од кои еден почна со субспецијализација и во текот на оваа година двајца лекари ја напуштија болницата. Таму имаме проблем, каде што лекарите имаат зачестени дежурства, зачестена прекувремена работа и има поголем ангажман на докторите. Исто овде би го кажал и за одделението за Анестезиологија, реанимација. Тоа се два оддела каде што можам да кажам дека имаме помалку кадар и поголем ангажман на лекарите, вели Ѓеоргијев.
Најголем недостиг е од болничари, хигиеничари и админстрација. Во болницата 70 лица се анагажирани и работата за минимален паричен надоместок. Проблемите овде настанале, поради не донесениот акт за систематизација во 2014 година. Но, Ѓеорѓијев вели дека овој проблем го решиле оваа година и веќе во наредната година очекува вработување на ден од овој кадар на неопределено работно време.