Панел-дискусија во Прилеп: Има ли родова еднаквост во бизнис-релациите и во регионот

Има ли родова еднаквост, особено во бизнис-секторот и дали жената е столб на семејството и на општеството: Ова беше темата на панел-дискусијата во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“, поттикната од прилепските компании и бизнис-секторот.

Ирена Јакимоска, менаџер на прилепската компанија „Конфи-ангел“ и претседател на прилепската регионална стопанска комор смета дека за родовата еднаквост се говори од мали нозе, но главна е работоспособноста и наметнувањето како силна, исполнителна личност.

– Дискусијата на темата „Жената столб на семејството, столб на општеството произлезе од фактот што во последно време сѐ помалку можевме да најдеме работна рака од машката популација во компанијата „Комфи ангел“. Имав можност да истражувам дека жените може да се потпрат на потенцијалот што го поседуваат. Целта на ова е да се сооччиме со ситуациите кои допрва ќе ни следуваат: недостигот на машката популација како работна сила. Ние, во индустријата, во стопанството во земјава и во регионов може да се потпреме на женската попучација како работна рака. Треба да го откриеме големиот потенцијал што го поседуваат жените и да потврдиме дека жената е способна истовремено да биде добра мајка, сопруга и да биде одговорна за индустријата. Има доволно жени кои водат компании, се менаџерки и се добар пример за успешност, вели Јакимоска.

Фактите говорат дека сѐ уште е мал бројот на жени на чело на компаниите и се зад мажите со платата за исто работно место.

-За жената да се фокусира на работните ангажмани треба да ја има реалната поддршка на семеството, на општеството да има родова еднаквост, и, клучно, да има самодоверба и да верува во своите квалитетии, дополнува Јакимоска.

Савка Димитровска, бизнисмен, поранешен прв човек на кондиторската индустрија „Европа“, в.д претседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на надзорниот одбор на Комерцијална Банка смета дека не се чувствувала дискриминирана, но во прашање е наметнувањето на самодовербата и сопствениот став.

-Има позитивна промена во поглед на прифаќањето на жената како менаџер. Јас бев речиси единствената жена во бизнис секторот. Бев в.д претседател на Стопанската комора на Македонија, претседател на Надзорниот одбор на Комерцијална банка. Тоа докажува дека немаше дискриминација.  Имам порака до жените да имаат поголема самодоверба. Во крајна линија, ние први доаѓаме во допир со машките, зашто ние ги раѓаме децата. Треба уште од мали нозе во фамилијата да се гради тој однос на еднаквост, за понатаму женската популација да ја чувствува сигурноста. Тогаш резултатите доаѓаат. Пораката, дополнета, е дека трудот секогаш се исплаќа. Не треба да се обрнува внимание на надворешниот изглед, повеќе на внатрешните квалитети. Искрено, мажите се добри другари. Сум се нашла во ситуација во бизнис-друштво да бидам единствената жена во 30-ина мажи-бизнисмени. Во ниту еден момент не сум се чувствувала поразлично. Освен што добивав попочесно( попривилегирано) место за седнување, вели Димитровска.

Според Димитровска, има работни местана кои жените физички не може да одговорат, но некои природно им се преодредени.

-Се сеќавам дека немаше жена-бравар. А има работи кои, природно поблиски им се на жените. Ако сакате попедантно да се заврши некоја работа, тоа може жена да го направи. Дали е во администрацијата или во производството, смета Димитровска.

За сфпската писателка и новинар, Јелена Бачиќ Алимпиќ работите на овие простори е менуваат. побавно во литературта. Ги споделува искуствата.

-Како и во Македонија, така и во Србија последниве години конечно местата на државните и на водечките позиции конечно им се препуштени на жените, што порано не бил случајот. Не дека политичката ситуација е подобра, но жените се еднакво способни на држвно ниво да ги извршувата функциите како и мажите. бев новинар и телевизиски водител и во тимската работа со колегите, никогаш немало дискриминација. Но во светот на литењратурата, тоа не е така. Барем кога е Србија во прашање, мислам дека мажите и понатаму доминираат. Сметам, сепак, дека тоа се поединечни случаи и верувам во рамноправноста. Не сум феминист, но сметам дека она што жената може да го понесе „на рамена“ не може ниту еден маж, смета Алимпиќ.