Во Прилеп отворена изложбата „Поеми“ на Соња Димовска

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска беше отворена тематската изложба „Поеми“ (графики на платно) од Соња Димовска.

Според историчарот на уметност Викторија Димеска, графичките цртежи на авторката изобилуваат со лиричен сензибилитет.

– Станува збор за принтови на кои се претставени растителни мотиви, односно делови од растенија, нивните цветови, гранчиња, листови и корени. Едноставниот и нежен израз на линијата, ја засилува лиричната и интимна нота на цртежот. Отпечатоците наликуваат на сенки и полусенки на разновидни растенија, доследно и прецизно претставувајќи ги нивните детали. Инспирирана и фасцинирана од источната (кинеска и јапонска) графика и сликарство, уметницата креира лирични и едноставни графички решенија, коишто целосно го апсорбираат вниманието на посетителот, воведувајќи го во една имагинативна и фантастична реалност, рече Димовска при отворањето на изложбата.

Димовска дипломирала и магистрирала на ФЛУ во Скопје, на графичкиот оддел. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија 2000 година. Досега има повеќе од 70 интернационални графички изложби во земјава и во странство.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *