ВМРО-НП: Јавно да се обелоденат имињата на фирмите што го проектирале автопатот Кичево-Охрид

ВМРО-Народна партија реагира во контекст на дискусијата за склучувањето на трет анекс-договор за дополнително финансирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид во висина од 180 милиони долари.

Не можеме да разбереме како може да постојат проекти кои притоа државата ги одобрила, а 70% од проектите се воделе како погрешни.

Оттука ВМРО-Народна партија бара јавно да се обелоденат имињата на фирмите кои го правеле проектот, имињата на фирмите кои ја правеле ревизијата на проектот и проектантите кои учествувале во проектирањето притоа да објаснат во што е проблемот со целокупниот проект.

Исто така, бараме имињата кои ќе бидат јавно објавени, преку образовниот систем да се наложи на сите образовни институции кои се занимаваат со оваа проблематика да ги учат како пример за тоа како не треба да се работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *