Прва средба на Националната коалиција на НВО од областа на животната средина и заштитата на човековите права

Граѓански организации што делуваат во областа на животната средина и заштитата на човековите права се обединуваат во национална коалиција која денеска ќе ја одржи својата прва средба.

Коалицијата ќе овозможи поголема видливост и влијание на цивилното општество во демократизациските процеси на локално и на национално ниво и ќе нуди иницијативи за да им овозможи на ранливите групи поефикасен пристап до еколошка правда со акцент на механизмот за бесплатната правна помош.

– Во тој контекст ќе бидат потпишани и меморандуми за соработка меѓу граѓанските организации врз основа на неспорната премиса дека граѓанскиот сектор, согласно националното, европското и меѓународното законодавство има право на учество во процесите на реформи во правосудниот систем и со своето квалификувано и активно учество да придонесе кон креирање на одржливи решенија, како и да врши мониторинг на националните политики за правна помош, со цел ефикасно извршување на законските надлежности и остварување на фундаменталните човекови права, се наведува во соопштението од Националната коалиција.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *