Африм Гаши се сретна со германскиот амбасадор Герберих

Претседателот на политичката партија „Алтернатива“, Африм Гаши, придружуван од потпретседателот воедно и пратеник, Неџбедин Кахремани, денеска оствари средба со германскиот амбасадор во земјава, г. Томас Герберих.

На средбата беше разговарано за политичката состојба во земјата и конструктивната и усогласена улога на германската држава во интеграциските процеси на земјата. На средбата се разговарало и за реформската состојба на Европската Унија и нејзиното проширување со земјите од Западен Балкан.

Германскиот амбасадор, г-дин Герберих, му се заблагодари на претседателот Гаши за конструктивната улога на Алтернатива во евроатлантските процеси на земјата. На крај двете страни се согласија дека ваквите пријателски средби треба да продолжат и во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *