Беровскиот градоначалник Звонко Пекевски го прими амбасадорот на Бугарија во земјава Ангел Ангелов, кој престојуваше во прва официјална посета на Берово.
Пекевски посочи дека на средбата се разговарало на повеќе теми поврзани со стопанскиот и културниот развој на Берово, со акцент на отворање на граничниот премин Клепало.
– Заедно со амбасадорот Ангелов извршивме увид во состојбата на зградата на граничниот премин и на инфраструктурата до граничниот премин. На средбата заеднички констатиравме дека во следниот период ќе треба да се интензивираат градежните работи од бугарска страна со цел овој премин да стане реалност. Исто така имавме заеднички гледишта дека Бугарската амбасада и Општина Берово треба да работата на зајакнување на заеднички иницијативи во делот на културно-стопанска соработка, рече Пекевски.
За амбасадорот Ангелов, Берово е град со големи потенцијали и можности кои треба да се искористат за заедничка соработка во повеќе области.
– Берово е преубав град, кој има природни убавини и потенцијали и потребна е мала помош за да се интензивираат работите за социо-економски развој. Ова е прва моја посета на градот и со задоволство во наредниот период ќе ги разгледаме можностите за соработка и во повеќе други области со приоритет на образованието, рече Ангелов.
Во таа насока, Пекевски и Ангелов остварија средба со директорот на гимназијата „Ацо Русковски”, Сашко Корчовски, при што најавија реализирање на заеднички проекти за унапредување на образовниот процес.
Great article! I found the insights really valuable and well-presented. Curious to hear other perspectives on this. Check out my profile for more interesting reads!