Ономастиката на Македонија

 Академик А.Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 29

ОНОМАСТИКАТА НА МАКЕДОНИЈА

Античките Македонци оставиле многу богат глосолошки супстрат во повеќе области. Меѓу другото, античките Македонци им дале имиња на сите реки во делот на античка Македонија.

****

Така, МАКЕДОНИЈА, (мак-имашен, блажен, среќен и кеднос-грижлив, мил, драг,т.е. среќна земја); ПАОНИЈА (пајон-син на боговите Посејдон и Хела, лекар на боговите на Олимп, додека пајонизо-воена песна да се пее); ПЕЛАГОНИЈА (пелас-близок роднина, рамнина, ген, гоне-раѓање, т.е. богата рамнина).

ОРЕСТИДА (орестис, осн. орос-гора); ЕЛИМИЈА (елигма-кривина, свиок, т.е. криворечие); ЛИНКЕСТИДА (осн. – рис); ДЕРИОП (дерис, дерос-кожа); ДАСАРЕТА ( осн.дас-оган, лач, воена вештина и арета-чесност, доблест); ПИЕРИЈА ( осн. пи, пион-богат и иериа-света, т.е. пресветла); АМАТИЈА или ЕМАТИЈА (осн. аматос-песоклив); АЛПОМИЈА ( осн.алс, алме-со,ен и појео-да создава); ХАЛКИДИК (халкос-бронза).

Античките Македонци, исто така, оставиле многу богат глосолошки супстрат и во други области. Тие им дале име на сите реки во Македонија. Така АКСИОС (одличен, најдобар, најголем) е ВАРДАР ; АЛИАКМОН (осн. алис и халис-многу и акме-остар, сила, кривина) е БИСТРИЦА; МЕСТОС или НЕСТОС (полн, бесен) е МЕСТАЕРИГОН (осн. ери-многу и гониа-агол, кривина, додека гоне-раѓање, силен, плоден) е ЦРНА РЕКА; СТРИМОН (стеснет) е СТРУМИЦА итнт.

РОЗЕТА

Тие ги именувале и езерата: ЛИХНИДА (светилкс, Лач) е ОХРИДСКОТО ЕЗЕРОВРИГИИС (Бригеис: осн. брио-клокоти и зборот: геа, ге-земја, област) е ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРОКЕЛЕТРОН (осн. кел келес, келетион-брзопловечка, лаѓа-оноксил и зборот: роос, пов, рон-струја, река) е КОСТУРСКОТО ЕЗЕРО  итнт. Им дале имиња и на многубројни градови: АИГАИ, ПЕТРА, АРГОС, ЕМАТИА, ЕВРОПА, ПЕЛА, КЕЛЕТРОН, ЕДЕСА, НАУСА, АРНИСА, ДИОН, ВЕРИА, ПЕЛАГОНИА, ИДОМЕНИ, ТЕРМИ, КИССОС, МИЕЗА, ОССА, СТАГИРА, ОЛИНТОС, СИРИС, СТЕНАИ, АЛКОМЕНАИ, СТИВЕРА, СТОВОИ, ЛИХНИДА, АМФИПОЛИС, АСТИБОС и други.

Интересно е објаснувањето на името на градот СКОПЈЕ, кој етимолошки потекнува од ПБГ: скорео-да набљудува, скопелос-карпа и скопе-стража. Многу ороними, исто така, потекнуваат од македонските домородци: Олимпос, Пиериа, Грамос, Воио, Аскио, Верно, Вермио, Варноус, Борас, Хортиатис, Томорос, Орвилос, Родопи итнт. Го наведуваме словенезираниот назив на планината Пелистер, кој етимолошки потекнува од кованицата пери-многу, прекумерно и зборот: стереос-твр, јак или доаѓа од зборот перистера-гулаб, кој бил симбол на Евринома, првобитната божица на сите работи, од пелашката митологија за постанокот на светот.

Праисториските Македонци ги втемелиле и називите на местата важни за подоцнешната религија. На својата најголема планина Олимпос (Најопејуван) го поставиле Богот над боговите, Зевс (Диас) со Пантеонот. Тие изградиле и храмови и пророштва, Дион, Питион, Петра и други. Цела област околу Олимп ја нарекле Пиерија, Света Гора.

Имињата на македонските племиња се имиња на животни, билки, занимања, состојби. Така, Линкестите добиле име по рисот (Линг-рис), Енхелејците по јагулата (енхелис), Дасаретите по шумите (дасос-шума), Орестите по планините, Пелагонците по долините, Елимејците по кривотечната река Калиакмон (Бистрица), Ботиаите по пастирите, Алмопијците се занимавале и тргувале со сол, Дериопите со кожа итнт.

Зборот ономастика припаѓа на древниот македонски апелатив, што значи именски, кој се однесува на име. Денес таа се дефинира како наука за сопствените имиња и опфаќа три главни гранки на културата: јазична, историска, географска. Неа ја сочинуваат антропонимијата и топонимијата.

Изучувањето на ономастичкиот материјал во Македонија е од големо значење, давајќи нам известувања од прва рака, зашто во името се крие и особината на лицето кое ја носи (nomen est omen). Наведуваме неколку називи кои во речникот на новогрчкиот јазик се означени како со непознато етимолошко потекло (Mpampinioti, !998), а припаѓаат на палеобалканскта глосологија, односно на древниот македонски јазик и се во секојдневна употреба.

Во ономастиката на Бригите утврдивме околу 50 топоними, 34 етноними и 35 хидро и ороними кои потекнуваат од палеобалканската глосологија. Исто така е и во ономастиката на Тракија, односно Илирија. Антропоними : Бастос (осн. бас, басилеус-крал и бастазо-носи, држи). Ист е коренот и за ономастиката на Баса, Басос, Бастеревс (осн. бас-крал и рео, реи-тече); Гетас (осн. ге, гетес-селанец); Дада (кованица од да-многу и да-да учи, т.е. многу учен); Дулес (доуле, доулос-слуга, роб); Дасиус (дасис-влакнес); Еуадеда ( еудаде-да се допаѓа, да годи); Маниа (маниа-беснило); Мама (баба); Манта (пророк, гатар); Медес (мед, медо-владеење, управување); Типас (осн. тироо-твори, гради); Пита (пита-смола); Атас ( ато-истрча, побегна); Гаурос (гаврос-весел) итн.

Топоними: Алмана (алс, алме-слана, море и зборот ман-секако); Кидре (кидрос-славен); Алтос (алто-скока); Асара (асарион-пара); Астраиа (астрон-sвезда); Галепсос  (гале-лисица и опсис-изглед); Болбе ( болбос-лук); Пелион ( пелос-глина); Дамастион ( дамазо-скроти, победи) итн.

И покрај многуте миграции во Албанија постои богата палеобалканска глосологија. Наведуваме неколку називи:

Тирана (осн.тирсис-кула, камбанарија, тиранеја-владеење и тиранос-господар); Драч или Дурес (дирахион-кованица од дио-две, и рахис-грпка, гора, возвишение, рид); Корча од Коресос (осн. коре-девојка, мома, односно ќерка на богот Зевс и Деметра); Химара ( химарос-јарец, коза или змеј кој исфрла оган, симбол на вулкан); Ѓирокастра (аргирион-сребро и зборот кастрон-тврдина); Какабиа ( какос-лош и зборот биос- живот); Валона ( бало-фрла, погодува); Пешкопеја (епи-над и зборот скопео-наsирање, набљудување);

Опонимите: Зебс (Зевс-бог, богови); Кастрат (кованица од касис-брат, братство и зборот стратиа-војска, чета т.е. “племенска војска”).

 

Продолжува

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *