Во посета на Чашка и Горно Врановци делегација на збратимената Општина Чили, Турција

Во прва официјална посета на Општина Чашка денеска пристигна повеќечлена делегација од Општина Чили, збратимена општина од Р.Турција предводена од градоначалникот Селим Утку Ѓумуркчу.

Целта на посетатата е да ги посетат своите родни огништа и да разговараат со градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски како да го превземат управувањето со хотелот во Горно Врановци, што петнаесетина години стои руиниран и запуштен, но и за  можноста за отворање економска зона и други проекти во општината, за што би инвестирале бизнисмени од Турција, пред се иселениците од Горно Врановци.

Инаку, првичната  идеја е хотелот да се пренамени во турска куќа каде ќе престојуваат иселеници од Горно Врановци и да биде место за одмор и воздушна рехабилитација на сите кои ќе сакаат да дојдат од Турција и да престојуваат во Горно Врановци.

– По  враќање во Чили целата документација за хотелот во Горно Врановци и економската зона, ќе ја презентираме пред нашите бизнисмени. Се надеваме дека тие ќе ја прифатат нашата идеја  за хотелот и за другите планови,информира градоначалникот Ѓумуркчу и изрази надеж дека во иднина двете општини ќе направат големи и  успешни проекти.

За градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски ова е историски ден за општината бидејќи, како што рече, првпат во посета им е градоначалникот на збратимената Општина Чили и неговиот заменик,како и делегација на Општината и Советот и претставници на иселениците кои потекнуваат од овој регион,односно од селото Горно Врановци.

Делегацијата од Општина Чили ги посети и историските спомен куќи од НОВ во селото, а  потоа и блиското село Мелница каде живеат исто така Македонци муслимани.

Се очекува делегацијата на Општина Чили, утре да оствари средби и со владини претставници, а во наредните денови да ја посетат и куќата на Кемал Ататурк во Битола.

Инаку, во општина Чили, во две населени места Мелтепе и Јинимахале живеат најмногу Македонци муслимани исселени од Горно Врановци, а во поширокиот регион на Измир има и над 40 илјади Македонци муслимани од Горно Врановци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *