Честитка за Славе Катин и Георги Бранов за промоцијата на делата „Александар III Македонски“ и „Македонците во светот“

Почитувани,

Македонија и Македонската нација се брани со дела и секаде низ светот!

Ми претставува огромна чест и задоволство што Фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ е издавач, а јас рецензент на делото на големиот Македонец и мој пријател, Славе Катин, насловено како „Македонците во светот“ во кое се раскажува развојниот пат на Македонските иселеници, премрежјата и страдањата низ призмата на развојот на настаните на Балканот и нивниот придонес во создавањето на независна, самостојна и суверена Република Македонија.

Упатувам искрени честитки до Претседателот на МПЦ „Света Богородица“, Петар Медичков, Претседателката на женската секција Бранкица Кузмановска – Матеска, свештеникот Гоце Деспотовски кои овозможија вистината за Македонската нација да се чуе во Кембриџ, Онтарио во Канада.

Неспорно е делото на Георги Бранов, родум од Буф, Егејска Македонија, кој неуморно ги истражува античките корени на денешната Македонска нација и се бори да го заштити и одбрани нашето античко наследство. Неговиот активизам во Канада ја прави Македонската Дијаспора во Канада силен чинител.

Им порачувам на најодговорните политички чинители да ги прочитаат овие дела, да научат колку Македонската Дијаспора е важна за Македонскиот идентитет и Држава. Кога веќе не знаат, да прочитаат како се брани Македонија и националното достоинство.

Се гордеам што ја имам среќата да бидам современик на моите браќа и сестри Македонци кои со своите дела се борат за достоинството на Македонска нација.

Останувам длабоко посветен на битката за обедината и силна Татковина и со сите сили ќе се борам за враќање на се што е свето и Македонско назад!

Со почит,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

 

One thought on “Честитка за Славе Катин и Георги Бранов за промоцијата на делата „Александар III Македонски“ и „Македонците во светот“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *