Француско-германска комеморација по повод Денот на примирјето од Првата светска војна

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост, амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија денеска на француските воени гробишта во Скопје ќе одржат комеморација.

Како што информира Француската амбасада во Скопје, предвидено е присуство на претставници на државните и општинските власти, на дипломатскиот кор и граѓанското општество. Обраќање ќе има амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.

На комеморацијата, како што се наведува во соопштението, ќе бидат положени венци пред споменикот на паднатите борци на денот кога Франција и Германија го одбележуваат помирувањето меѓу двете држави како уште еден доказ за француско-германското пријателство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *