Поминување на границите само со лична карта, брзи ленти за камионите и меѓусебно признавање на дипломите се само дел од придобивките на декларацијата што во Охрид ја договорија премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тие денеска од Охрид ги повикаат и останатите држави од Западен Балкан да се приклучат кон оваа иницијатива и заеднички да изградат еден поинаков Западен Балкан кој ќе биде подобро место за живеење и значаен фактор во Европа.
– Акцискиот план предвидува 24 часовно седум дена во недела целосно работење на нашите граници, овозможува комплетно движење со лична карта на граѓаните од целиот овој регион, овозможува услови кои ќе значат брзи траки за камионите низ граничните премини, овозможува меѓусебно признавање на сите документи од делот на агенциите за храна и ветеринарство до сите други административни институции кои ги работат документите се со цел да даде поголема мобилност на стоките, капиталот и на услугите….. изјави премиерот Заев на заедничката прес-конференција.
Разработен е и конкретен план како меѓусебно да се признаат дипломите за да можат странските и домашните инвеститори да имаат комплетна поширока понуда на квалификуван кадар од целиот регион.
– Сето ова ќе донесе многу попримамлив живот пред се за нашите граѓани, но ќе отвори и едно ново поглавје. Се надевам дека сите учесници во овој процес ќе ја прифатат оваа иницијатива затоа што таа носи добро за целиот Балкан, но и не факторизира пред западноевропските земји каде сакаме да се приклучиме, рече Заев.
За српскиот претседател Вучиќ, ова е важна иницијатива и за граѓаните и за бизнис секторот. Инцијативата за регионална соработка, рече Вучиќ, не значи создавање на некаква југославија, туку тоа е процес со кој ќе се создаде подобар и поквалитетен живот во целиот Западен Балкан.
– Оваа иницијатива може некој ќе ни ја уништи и ќе пропадне, но таа дефинитивно носи подобар и покалитетен живот на нашите луѓе и компании. Горд сум на договорот што го направивме. Ова секако ќе биде иднина. Тука нема никакви југославии, тука има подобар живот за сите граѓани, порача Вучиќ.
Албанскиот премиер Рама, за кого исто така нема ништо позначајно од слободното движење на луѓето, најави дека следната средба ќе се одржи во Драч на 21 ноември на која се очекува да присуствува и Жозеф Борел, наследникот на претставничката на Европската Унија, Фредерика Могерини.
Денешниот состанок во Охрид следува по првичната средба што Заев, Вучиќ и Рама ја имаат во Нови Сад.
I enjoyed the humor in this piece! For more, visit: FIND OUT MORE. Let’s chat about it!