Се гради атмосферска и фекална канализација во делчевската населба Басарица

Во Делчево интензивно се работи на поставување фекална канализација која поминува низ дел од населбите Басарица и Полето. Согласно со проектот, како што информираа од Општината, се градат четири крака од фекалната канализација во должина од  два километра.
-Градежните работи ги извршува градежна фирма од Скопје, а истите треба да завршат до крајот на месецот февруари. Средствата за изградба на овој инфраструктурен проект во висина од 6,8 милиони денари се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, соопштија од Општина Делчево.
Во населбата Басарица, како што дополнија, во тек е и изградба на атмосферска канализација.
-Екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ работат на поставување инсталации за атмосферска канализација во должина од 1 километар. Досега се завршени 200 метри, со поставување одводни цевки и изградени 7 собирни шахти. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од општинскиот Буџет, додадоа од Општина Делчево.
По завршувањето на поставување на атмосферската канализација, според плановите на општината, ќе се продолжи со изградба на планираните улици во населбата во должина од еден километар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *