Премиерот Заев на лидерски состанок на Светскиот економски форум во Женева

Премиерот Зоран Заев во придружба на министерот за надворешни работи Никола Димитров, присуствува на состанокот што го организира Светскиот економски форум во Женева, на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан“.

На работната сесија што е во тек учествуваат лидери на државите од Западен Балкан, но и пошироко од регионот, претставници на Европската комисија, на организации од Европа, како и од организаторот, Светски економски форум.

Како што соопшти владината Прес-служба, целта на состанокот е во функција на зајакнување на економската соработка помеѓу државите од регионот, процес што е во тек и се интензивира.

Експертските искуства и поддршката од Светскиот економски форум се посебно значајни во услови на потребата од иновации, од вложувања во човечкиот потенцијал во земјите од Западен Балкан, од поттикнување на компетитивноста на домашните компании, во функција на регионалниот развој, се наведува во соопштението.

Во фокусот на дискусиите на работната сесија, според најавеното, се економската но и политичката клима во Европа, односно предизвиците и можностите на политички и економски план, со цел развој на државите од Западен Балкан во духот на позитивна агенда за иднината на регионот . 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *