Костадинов: Само Мицкоски се радува на историската грешка на ЕУ, во интервју вели дека Макрон е во право што не блокирал

Цела Европа, цел свет вели дека тоа е историска грешка, само Христијан Мицкоски дека „Макрон е во право кога не блокираше“.

Христијан Мицкоски е единствениот кој се радува што ЕУ направи историска грешка и не додели почеток на преговорите со ЕУ.

На сите им е јасно дека одработевме се што беше потребно, дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми на Унијата, само Христијан Мицкоски делува против државата.

Граѓаните ќе го казнат ова антидржавно и срамно однесување на Христијан Мицкоски на 12 април.

Со таквите ставови Мицкоски уште еднаш потврди дека е заглавен во антизападната матрица на неговиот ментор Никола Груевски.

Лицемерие, блеф, лажен патриотизам, антидржавно и антизападно однесување, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа е обновата на режимот.

Граѓаните не сакаат враќање на режимот, не сакаат враќање назад, изолација и неизвесност. Со таквата понуда Мицкоски со сигурност го очекува пораз на следните парламентарни избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *