Со грант од Јапонија ќе се набавува ново возило за брза помош за тетовската болница

Ново возило за брза помош ќе добие Клиничката болница во Тетово како донација од Јапонија. По тој повод денеска договорот за грантот го потпишаа амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија Кеико Ханеда, директорот на Клиничката болница во Тетово Флорим Бесими и градоначалничката Теута Арифи.

-Јапонија и Тетово се пријатели веќе 25 години со воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји. Досега Јапонија има доделено 5 грантови за општина Тетово за медицинско установи и училишта. Воедно ова ќе биде 10 грант проект кој Јапонија го потпишува со Северна Македонија. Со негово спроведување ќе се подобрат медицинските услуги за граѓаните на целиот регион, истакна амбасадорката Кеико Ханеда на заедничката прес-конференција.

Градоначалничката Теута Арифи истакна дека со тоа што Јапонија одлучи пред три години во Скопје да отвори амбасада и да има резиденцијален амбасадор покажува на тоа колку е голема почитта на Јапонија и поддршката што ја дава.

-Со отворање на амбасада Јапонија одлучи да биде поблиску до нас како граѓани. Во име на граѓаните на Тетово да им заблагодарам за поддршката и почитта што над две децении помогаат со проекти во образовние и здравтсво како и во однос на други проекти со поддршка за превенција на поплави. Знаењето и искуството шти го добиваме од Јапонија ние исто така многу важно, изјави Теута Арифи.

Амбасадорката Кеико Ханеда ја посети и Шарена џамија во Тетово.