„Љубов“ од Османли објавена во „Антологијата на современите поети на Парнас“

На меѓународниот поетски фестивал во Сицилија беа доделени наградите „Angelo La Vechia“ од третиот меѓународен поетски конкурс „Il Parnaso”, а во тие рамки за прв пат и меѓународната наградата „Антево слово“ со која на конкурсот се приклучува и Република Македонија.

Победничката песна на конкурсот „Анте Поповски“, „Љубов“ во превод на италијански јазик „Amore“ на македонскиот автор Томислав Османли е објавена во „Антологијата на современите поети на Парнас“.

Меѓу наградените беше и втората специјална награда од конкурсот „Расул Гамзатов“.

Меѓународната поетска манифестација се одржува под патронат на Министерството за култура и туризам на Република Италија и на Република Дагестан.

Наскоро песната на Османли, покрај нејзината објава на италијански јазик во одличниот препев на Билјана Билјановска, ќе биде објавена и на други јазици, во неколку гласила во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *