Земјоделците од Таринци бараат поништување на оглас за земјоделско земјиште

Земјоделците од селото Таринци во Општина Карбинци денеска го изразија својот револт, бидејќи, како што велат, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распишало оглас за доделување на 44 хектари земја, која, според нивните информации, веројатно ќе ја работи само едно лице, наспроти најавите и нивното барање земјиштето да се дели на повеќе делови со површина до три хектари.

Претседателот на Совет на Месната заедница на село Таринци, во Општина Карбинци, Киро Стоилковски појаснува дека земјоделците и сточарите бараат да се поништи огласот.

-Сакаме  огласот за 44 хектари да биде ставени по други услови, за да можат да конкурираат жители на населеното место. Затоа што сите парцели кои не претставуаат единствена целина припаѓаат на катастерска општина ТаринциЗемјата дадена во оглас која е во 17 парцели, тоа се површините со зелена боја, каде растојанието од три до четири километри, кој некој сака да ја спои во една парцела, да ја даде на комерцијален оглас и почетната цена изнесува 5.088 евра, вели Стоилковски.

Земјоделците и сточарите денеска имаа средба со градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев.

И ние ќе се упатиме со апел, ќе ја употребиме согласно нашата законска регулатива, со земјоделското земјиште управува министерството за земјоделие, што не е во ингеренција на локалната самоуправа, мислам дека државата ќе најде начин ова да биде решено во корист на жителите на с ело Таринци, рече Насев.

Во Таринци има регистрирано околу 45 земјоделци. Тие денеска од локалната власт побараа во рок од седум дена да имаат средба со претставници од ресорното министерството, но и да се отвори и канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во општинската зграда, со цел да немаат дополнителни трошоци, бидејќи мора да патуваат до Штип.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *