Неготино набави геофон и ултразвучен мерач за навремена детекција на загубите на вода

Неготино набави геофон и ултразвучен мерач за навремена детекција на загубите на вода, информираше денеска неготинскиот градоначалник Тони Делков, кој заедно со претседателот на Советот Диме Витанов и вработени во локалната самоуправа оствари средба со вработените во ЈП „Комуналец“.
– Средбата ја искористивме за взаемно информирање за досега реализираните активности на локалното комунално претпријатие и на општина Неготино во делот на работењето на претпријатието, за тековните, но и за активностите кои се дел од програмата за работа и дополнително треба да се спроведат, соопшти Делков.
Констатирале  дека со заедничка координација значително била подобрена состојбата со водоснабдувањето што резултирало во летниот и есенскиот период да нема редукции на водата за пиење, хигиената во градот и населените места била на задоволително ниво,
набавен бил нов ровокопач за потребите на Комуналец, а наскоро се очекува и набавка на возило канал џет за отпушување на јами и канализации што е од голема потреба за претпријатието.
– На средбата бев информиран дека за разлика од порано кога платите на вработените доцнеа по повеќе месеци, сега личниот доход на вработените во Комуналец им се исплаќа навремено и нема заостанати плати, а редовно се плаќаат придонесите за здравствено и пензиско осигурување, рече Делков.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *