Собраниска делегација на средби во Франција како дел од Комитетот за цивилна димензија на безбедноста на ПС на НАТО

Во рамките на редовните активности на Парламентарното собраниа (ПС) на НАТО, делегација од Комитетот за цивилна димензија на безбедноста, ќе оствари средби со високи претставници на Франција и Советот на Европа. Од делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО, учество ќе земат Илија Димовски, шеф на делегацијата и Катерина Кузмановска, член на делегацијата.

Пратениците, како што соопшти собраниската Ппрес – служба, во текот на посетата ќе разменат мислења за приоритетите на француската надворешна и одбранбена политика, политиките за борба против тероризмот и дерадикализацијата, пристапот кон хибридните закани, како и заштитата на човековите права во Европа.

Делегацијата ќе оствари средби со Кристијан Камбон, претседател на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружени сили на францускиот Сенат, со Жан Доминик Џулијани, претседател на Фондацијата Роберт Шуман, со Флоренс Парли, француски министер на вооружените сили, со Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа, со Лилиан Маури Паские, претседател на Парламентраното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), со Марија Пејчиновиќ Буриќ, генерален секретар на Советот на Европа, со Војчиек Савицки, генерален секретар на ПССЕ и со претставници на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

ПС на НАТО е мултилатерално парламентарно собрание основано во 1955 година како консултативно собрание на НАТО и обединува 266 парламентарци од 29-те земји членки на НАТО, 53 парламентарци од асоцијативните делегации, 12 од регионални и медитерански партнери, 20 парламентарци од делегациите со статус набљудувач (меѓу кои и од ПС на ОБСЕ и ПССЕ), како и 10-члена делегација од Европскиот парламент. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *