Пет добитници на признанието „8 Ноември“ на Општина Штип

Познати се добитниците на највиското признание на градот Штип, што по повод Денот на ослободувањето – 8 Ноември, се доделува на личности и институции кои оставиле белег со своето работење во Општината.

Советниците на денешната 25-та седница едногласно го прифатија предлогот на Комисијата за доделување на признанието „8 Ноември“.

Добитници на признанието се Марија Максимова, професор по музичко во Средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“, Ристе Љуботенски, сопственик на винаријата „Имако“, Викторија Димитрова-Јованова, новинар на МИА од Штип, Средното државно училиште „Сергеј Михајлов“ и пилотот Раде Ивановски.

Признанијата ќе бидат доделени на 8 ноември на свечена седница на Советот на Општина Штип.

Советниците на денешнава седница изгласаа и одлуки за доделување на финансиски средства за спортските клубови и за Солидарниот фонд, беше презентиран и годишниот план за вработување на Општина Штип, во којшто се ослободуваат работни места по основ на пензионирање, пред се во секторот урбанизам, а беше донесена и одлука и за дополнување на Програмата за располагање со државно градежно земјиште.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *