Општина Струмица асфалтира улици во Банско, се подготвуваат и проекти за канализација и филтер станица за вода

Во населеното место Банско, Општина Струмица почна со асфалтирање четири улици, а се подготвуваат и проекти за изградба на канализациски систем и филтер станица за вода, информираше градоначалникот Коста Јаневски, кој присуствуваше на асфалтирањето.

– Нашите сограѓани од ова населено место имаат уште еден голем проблем, а тоа е квалитетот на водата за пиење и канализацискиот систем. Тоа се навистина опсежни и скапи проекти, кои неколку пати ми ги спомнаа и можам да ги уверам дека сработивме комплетна техничка документација за канализацискиот систем со одобрение за градба, и се што е подготвителна работа од страна на Општината го завршивме. Проектот за филтер станицата за подобрување на квалитетот на водата, кој исто така е скап проект, го завршивме и цела наша енергија ќе ја вложиме во обезбедување средства за да ја затвориме комплетно финансиската конструкција за овие два важни капитални проекти, рече Јаневски.

Почетокот на изградбата го најави за наредната година и додаде дека проектите кои се изведуваат во населеното место Банско произлегуваат од непосредните средби со граѓаните и се планирани во буџетот за оваа година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *