РЕАЛ СО БУЏЕТ ОД 300 МИЛИОНИ ЗА ТРАНСФЕРИ

Како што објавуваат шпанските медиуми, Реал Мадрид има буџет од 300 милиони евра за трансфери кои треба да ги реализира следното лето. Гледајќи како бројка тоа е многу, но ако се види какви се цените на пазарот за врвните играчи, тогаш тешко веројатно е дека овие пари ќе му бидат доволни, особено ако се знае дека списокот на желби на Флорентино Перез е доста голем. Имено, Реал сака да направи комплетен “ремонт” во екипата со оглед на тоа дека ова е разочарувачка сезона за “кралевите” кои сега заостануваат цели 19 бода зад Барселона во битката за титулата.

Но да тргнеме по ред. Ако сака во своите редови да го види Нејмар, Реал ќе треба да даде наголем дел од овие 300 милиони евра за него, ако не и целата сума. Понатаму, за Хари Кејн откупната клаузула е 230 милини евра, а Азар не би бил слободен без 100 милиони.

Можеби овие 300 милиони ќе бидат надградени со продажба на Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Герет Бејл, но дали и колку пари ќе стигнат од нив во клупската каса останува да се види.

Како и да е, следниот летен преоден рок, Реал ќе биде во центарот на вниманието на фудбалската јавност.