Велешката Фабрика за преработка на вода за пиење или попозната како „Филтерстаница“ која се снабдува со сирова вода од ХС „Лисиче“ денеска го пушти во функција новиот генератор за озон од италијански производител „Dе nora“ од најнова технологија, кој е сопствена инввестиција на ЈКП „Дервен“ во износ од 12,5 милиони денари.
Со него се заменува еден од двата постоечки со застарена технологија генератори монтирани во 1991 година. Со новиот генератор за производство на озон за водата за пиење ќе се намалат досегашните трошоци.
– Новиот генератор за озон ќе работи и со помала потрошувачка на електрична енергија и ќе се намалат трошоците за негово одржување, но, пред се’ ќе има и поквалитетен и континуиран процес при преработката на вода во Фабриката за вода во Велес, информира Јагода Аврамова, инженер за квалитет на вода.
Таа појасни дека набавката на нов генератор за озон е од исклучителна важност и непроценливо значење на Фабриката за вода за пиење од која се снабдуваат велешани и околните населени места.
– Со новиот генератор за озон ќе обезбедиме физичко – хемиска и бактериолошка вода која што ќе ги задоволува одредените максимално дозволени концентрации според правилникот за безбедност на вода,појасни Аврамова.
Стево Војновиќ, техничар за монтажа и пуштање во функција на генератор за озон, од тимот на белградската фирма „Ата интерна инженеринг“ која го монтира новиот генератор за озон, потенцира дека новоинсталираниот генератор е од најновата генерација на генератор за озон во техничка смисла и е многу поедноставен во однос на старите гломазни генератори за озон. Опремата внатре во него е од реномираните фирми „ Simens“ и „Vakon“ и дел од италијанскиот производител „De Nora“, што значи е со врвен квалитет, потенцира Војновиќ.
– Озонот е ултра јако дезинфекционо средство, но е нестабилен, па не може да се користи на долги патеки, потенцира Војновиќ и додаде дека со негова помош технолошки ќе се обработи водата за пиење и ќе има бактериолошки исправна вода за пиење,