Во Штип научна конференција за загадување на животната средина

Експерти и студенти од Универзитети од Косово, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија денеска во Штип на првата научна конференција ги споделуваа знаењата и искуствата во делот на загадувањето на животната средина и нејзината заштита. Универзитетскиот професор на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Билјана Балабанова вели дека проектот е финансиран од Алумни асоцијацијата на Западен Балкан.

-Посебно ни е драго што конференцијата е организирана за трансфер на знаења на студентите, на младите истражувачи, нивно насочување и вклучување во тие истражувања. Јас се надевам дека конференцијата ќе има значаен исход не само на национално, туку и на регионално ниво, вели Балабанова.

Прашана што најмногу ја загадува почвата во земјава, Балбанова со став дека секој сегмент треба посебно да се истражува.

-Едно е кога зборување за загадување на водата, воздухот, почвата со тешки метали. Тоа е сосема различен пристап. Додека загадувањето од економски аспект се мисли на загадување во однос на пестициди и сосема различен пристап. Секое засебно влијае на различен начин. Јас се надевам дека денешнава конференција ќе успее да изнајде решенија, но и нови методи, со што науката ќе има апсолутна примена, вели Балабанова.

Смета дека ориентацијата на земјоделците кон органското производство е еден од начините за заштита на почвата од загадување.

Кирил Јорданов – член на Веба асоцијацијата за Западен Балкан вели дека целта на проектот и на научната конференција е да ги сплоти сите студенти кои студираат преку Еразмус програмата, а подоцна и со размената на знаењата да направат конкретни истражувања на оваа тема.

Во овој случај заедно со координаторот на проектот, професорката Билјана Балабанова успеавме да ја поврзиме темата, којашто е доста интересна за цела Европа, па и за нас, како едно по неразвиено општество, во смисла на свеста на граѓаните за зачувување на животната средина, вели Јорданов.

Универзитетските професори кои учествуваат на денешната научна конференција очекуваат да се слушнат нови методи за заштита на животната средина, од секакви загадувања и истите да ги применат в

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *