Претседателот на Комисијата за односи со верски заедници Сотировски во посета на Албанија

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски од денеска е во дводневна работна посета на Република Албанија, во чии рамки ќе биде остварена билатерална средба со директорката на Државниот комитет на култови, каде ќе се разговара за продлабочување на соработката помеѓу двете држави во сферата на верските прашања, размена на искуства и заштита на културното наследство.

Директорите, како што соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи,  ќе разговараат и за мотивирањето на соработката на Балканско ниво помеѓу државите од регионот кои се одликуваат со висок степен на религиозност кај населението.

Во рамки на посетата во Тирана директорот Сотировски ќе оствари средби и со челниците на доминантните верски заедници во Република Албанија, поглаварот на Албанската православна црква, претседателот на Исламската верска заедница на Албанија, како и католичкиот надбискуп на Албанија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *