Модна ревија „Made in North Macedonia: Модни куќи“

Здружението „Добредојде” Macedonia Welcome Centre (DMWC) денеска во Музеј на Македонската борба, традиционално ќе ја одржи третата модната ревија „Made in North Macedonia: Модни куќи“.

Ревијата ќе биде колаж од познатите македонски модни брендови кои би се претставиле со аутфити од актуелните колекци. Овогодинешната тема е артикулацијата на македонските реномирани модни куќи како своевиден омаж на современата домашна текстилна индустрија.

Најавено е обраќање на амабасадорките на Велика Британија и Република Србија во Северна Македонија, Рејчел Галовеј и Душанка Дивјак Томиќ.

Здружението „Добредојде” Macedonia Welcome Centre (DMWC) веќе 10 години работи на полето на културна дипломатија во рамките на својата програма за промовирање на македонската историја, култура и традиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *