Обука на тема „Еколошка правда“ ќе се одржи во Охрид од денеска до четврток во Охрид во рамките на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда“- EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, имплементиран од страна на Здружение на
граѓани Флорозон – Центар за Еколошка Демократија, во партнерство со
Environmental Law and Management Association EMLA – Унгарија.
Предавачи на обуката се д-р Чаба Киш, експерт од Унгарија за прашања поврзани со пристап до еколошка правда и владеење на еколошкото право и докторанд Евгенија Крстевска – адвокат, која се залага за прашања поврзани со уставно загарантираното право за чиста и здрава животна средина.
Пристапот до правда за прашања поврзани со животната средина претставува еден од основните столбови на Архуската конвенција. Овој столб е од клучно значење за заштита на правото за здрава животна средина кое е уставно загарантирано право за сите граѓани, во чиешто остварување се вклучени голем број чинители. Почнувајќи од надлежните инспекторати, јавните обвинители, народниот правобранител, судовите, властите, како и
граѓанските организации, велат организаторите.
Нагласуваат дека е потребна континуирана едукација на теми поврзани со еколошката
правда, имајќи предвид дека бројот на пресуди поврзани со еколошките прашања е минимален, во однос на секојдневното загрозување на животната средина.
За време на обуката присутните ќе се стекнат со познавања поврзани со Архуската конвенција, националната легислатива за еколошка правда, случаи поврзани со пристап до еколошка правда, во ЕУ и РС Македонија и ќе се стекнат со вештини за делување во случаи каде што е нарушено правото за здрава животна средина. Стекнатите знаења и практики ќе можат да ги применат при носењето одлуки за клучни прашања поврзани со заштита на
правата за животна средина.
Се очекува оваа обука да ги зајакне капацитетите на клучните чинители од територијата на целата држава од областа на пристапот до еколошка правда.